Дома Останати Тенис Сабаленка за првпат го проба хот-догот од 100 долари: Погледнете ја нејзината реакција (Видео)

Сабаленка за првпат го проба хот-догот од 100 долари: Погледнете ја нејзината реакција (Видео)

Првата тенисерка на светот Арина Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на Мајами Опен, а по триумфот одлучи да го проба познатиот хот-дог од 100 долари. Белоруската ја совлада некогашната финалистка на Австралија Опен, Женг Кинвен, со 6:3, 6:4 и го продолжи својот пат меѓу најдобрите осум во Флорида.

По завршувањето на натпреварот, пријде претставникот на медиумскиот тим на ВТА со намера да сними клип за ТикТок и ѝ го подари луксузниот „Глизи“, грицка која веќе стана хит на турнирот. Овој специјалитет се состои од виршла од говедско месо од Австралија, кавијар и златни листови, веќе привлече внимание и на австралиската тенисерка Присила Хон. За навивачите, цената на изнесува 100 долари, но најдобрите тенисери добиваат и свои привилегии.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Очите на 27-годишната тенисерка сјаеа кога го доби подарокот. „О, Боже, благодарам многу. О, Боже. Во ред, веднаш ќе го пробам“, изјави таа со возбуденост. По првиот залак, Сабаленка се насмеа и изјави: „Толку е неверојатно вкусно, луѓе. О, Боже. А јас сум толку гладна, ова е за мојот опоравок. Благодарам!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка ќе го одигра најчудното полуфинале во светот на тенисот

Белоруската тенисерка и најдобрата на планетата Арина Сабаленка, се пласираше во своето де…