Дома Фудбал С. Арабија е минато: Нејмар откри каде планира да игра во 2025 година

С. Арабија е минато: Нејмар откри каде планира да игра во 2025 година

Искусниот бразилски фудбалер Нејмар сака да ја напушти Саудиска Арабија и веќе им откри на раководителите на Ал-Хилал каде сака да игра во Новата година.

Нејмар беше мета на својот поранешен клуб Сантос, но очигледно е прерано за враќање дома. Новинарот Таволиери смета дека Бразилецот има јасна желба за 2025 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Таволиери на својот профил на „Икс“ објави дека Нејмар отворено им соопштил на соиграчите дека ќе игра за Интер Мајами каде ќе се приклучи на своите добри пријатели Лео Меси и Луис Суарез.

„Нејмар долго време сонуваше за обновување на триото Меси-Суарез-Нејмар од Барселона. Сега конечно ја има оваа можност. Може повторно да игра со Меси и Суарез на американско тло”, вели новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…