Дома Фудбал Руни се потруди целиот свет да зборува за него: „Ван Гал е пред Фергусон!“

Руни се потруди целиот свет да зборува за него: „Ван Гал е пред Фергусон!“

Легендарниот Вејн Руни стана предмет на шега на социјалните мрежи откако ги спореди Луј ван Гал и Алекс Фергусон.

Но, тоа не би било толку проблематично, како што е тоа дека кажа дека Холанѓанецот е тактички дури и пред легендарниот Шкотланѓанец.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Руни две сезони соработуваше со Луј ван Гал, заедно го освоија ФА купот во 2016 година, по што Холанѓанецот беше отпуштен. Јунајтед со него двапати заврши како петтопласиран тим во Премиер лигата, додека со Фергусон испиша златни страници.

„Иако ова ќе звучи малку чудно, но најдобриот со кој сум работел е Луј ван Гал. Алекс Фергусон точно знаеше што прави и беше гениј во сè што правеше, но гледано само тактички, Ван Гал беше милји пред сите мои тренери. Ако зборуваме само за тактичките вештини, ако гледаме сè, тогаш Фергусон е најдобар, но верувајте дека Ван Гал беше неверојатен тактичар“, рече Руни и продолжи:

„Мислеше за секој детал, го подготвуваше тимот, како да се поставиме дефанзивно. Единственото што му недостасуваше беше слободата во фазата на напад. Во тој момент, веќе почнав да размислувам за тренерската професија, па си помислив дека треба да ни даде повеќе слобода во последната третина од теренот“, истакна Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси доби понуда од Блискиот Исток која ќе биде тешко да се одбие – вредна е 68 милиони евра

Во повеќето европски лиги летниот преоден рок заврши, но на Блискиот Исток тој сè уште тра…