
Вејн Руни, легендата на Манчестер јунајтед, испрати јасно предупредување до водечките тимови во Премиер лигата, Арсенал и Манчестер Сити, истакнувајќи дека Ливерпул, и покрај сè, не смее да се отпише од трката за титулата. Иако Црвените заостануваат десет бода зад врвот за Божиќ, Руни верува дека нивното неодамнешно враќање во форма значи дека актуелните шампиони можат сè уште да имаат клучна улога во развојот на сезоната, пишува Goal.com.
Ливерпул имаше сезона полна со успеси и падови откако минатата сезона под водство на Арне Слот ја освоија титулата. По убедливиот триумф во дебитантската година на холандскиот стратег на „Енфилд“, очекувањата беа големи, но наместо борба за врвот, следеше низа на лоши резултати помеѓу септември и ноември кои ги туркаа надолу на таблата.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Руни смета дека Арсенал и Манчестер Сити сè уште се главни фаворити, но предупредува дека Ливерпул не треба да се потценува. Во неговиот „Би-Би-Си“ подкаст, поранешниот напаѓач кажа: „Изгледа дека Арсенал и Сити ќе бидат два клуба што сега ќе се одделат на врвот од Премиер лигата.“
Сепак, брзо ја насочи вниманието кон шампионите. „Сепак, и Ливерпул, ако фатат низа на добри резултати и победат неколку натпревари, никогаш не смеете да ги отпишете“, додаде Руни. „Ако добијат таа поддршка зад себе, можат да имаат збор во борбата за титулата.“