Дома Фудбал Руни ги посочи Лукаку, Ибрахимовиќ и Погба како пример за неправилната трансферна политика на Манчестер Јунајтед

Руни ги посочи Лукаку, Ибрахимовиќ и Погба како пример за неправилната трансферна политика на Манчестер Јунајтед

Вејн Руни смета дека Пол Погба е меѓу трите најчудни засилувања на Манчестер Јунајтед пред „Инеос“ да го купи дел во клубот. Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ даде остра оценка на трансферната стратегија на клубот пред сер Џим Ретклиф и компанијата да бидат ангажирани.

Пред делумното превземање од „Инеос“ кон крајот на 2023 година, фудбалските операции во Јунајтед во голема мера беа водени од Ед Вудворд, кој вршеше функцијата извршен потпретседател од 2012-та до својата оставка во 2021 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Доведувањето на нови фудбалери во Манчестер Јунајтед пред минатото лето беше застрашувачки. Тие само земаа големи имиња – Ромелу Лукаку, Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба – тие се добри играчи, но потрошија огромни суми пари. Ќе треба малку време за да се надминат тие грешки“, изјави Вејн Руни во подкастот The Overlap Fan Debate, а неговите коментари го одразуваат разочарувањето на навивачите, кои гледаа како милиони се вливаат во купување на нови засилувања кои не успеаја целосно да се реализираат.

„Ако го погледнете Манчестер Јунајтед во последните десет години, играчите беа апсолутно исцрпени. Сега се гледа како самодовербата се враќа. Тоа може да се каже дури и за менаџерот. Екипата постепено се подобрува, дефинитивно има одредено подобрување. Беше навистина тешко за Рубен Аморим и јас бев критичен кон него. Сепак, гледаме дека тимот се подобрува и играчите се запознаваат малку подобро. Има некои ветувачки знаци дека тие евентуално би можеле да се прикрадат во врвната четворка“, додаде поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…