Дома Фудбал Руни без милост: Немам доверба во Аморим, душата на клубот исчезна

Руни без милост: Немам доверба во Аморим, душата на клубот исчезна

Легендата на Јунајтед отворено го критикуваше менаџерот и играчите по новиот пад. Руни тврди дека денешниот Јунајтед повеќе не го препознава како клубот во кој ја испиша историјата.

Вејн Руни, иконата на Манчестер Јунајтед, отворено призна дека нема доверба во менаџерот Рубен Аморим.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Неговите зборови дојдоа по уште еден тежок пораз, овој пат од Брентфорд.

Јунајтед ја започна сезоната катастрофално, остварувајќи само две победи во Премиер лигата – против Барнли и ослабениот Челзи.

Тимот дополнително потона по исфрлањето од Карабао Купот уште во првиот натпревар, и тоа од второлигашот Гримсби.

Аморим, кој има само 40 години, тврдоглаво инсистира дека неговата тактичка филозофија не е проблем на Олд Трафорд.

“Самиот пробав во менаџерската работа и не помина баш најдобро, па разбирам”, додаде поранешниот тренер на Дерби Каунти и Бирмингем.

„Рубен Аморим е на моја возраст, малку помлад, сè уште млад менаџер. Сигурен сум дека го очекува добра иднина. Но, што се случува со Манчестер Јунајтед? Не го препознавам целиот клуб.”

„Искрено се надевам дека може да ја сврти ситуацијата и ќе успее. Но, ако ме прашувате дали верувам во тоа – по сè што видов, искрено, немам доверба.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aрда Туран повторно сретна со атрактивната украинска новинарка, не знаеше каде да гледа (Видео)

Интервјуто на атрактивната новинарка Дарија Бондар Савина со тренерот на Шахтјор, Арда Тур…