Дома Фудбал Рубиалес нападнат со јајца за време на промоција на книга (Видео)

Рубиалес нападнат со јајца за време на промоција на книга (Видео)

Контроверзниот поранешен претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, доживеа нов непријатен инцидент, и тоа при претставувањето на неговата книга во Мадрид. За време на промоцијата, маж од публиката го гаѓаше со јајца, а целиот настан беше снимен и брзо се прошири на социјалните мрежи. Напаѓачот беше уапсен, а според некои извештаи, станува збор за роднина на Рубиалес.

Рубиалес во четвртокот ја претставуваше својата нова книга под наслов “Matar a Rubiales” (Да се убие Рубиалес) кога од публиката полетаа неколку јајца. Снимката покажува како Рубиалес скокнува од столчето и како да се обидува да се движи кон напаѓачот, но во тоа го запре обезбедувањето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанскиот портал As тврди дека напаѓачот е стрико на Рубиалес, Луис Рубен Рубиалес, и наведува дека посрамените фудбалски функционер и неговото семејство се „многу поделени“. Полицијата го уапсила напаѓачот пред зградата, но властите се уште не го именувале официјално.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед решен да го задржи Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер…