Дома Фудбал Рубен Аморим во епизодата „најлошиот меѓу најлошите“

Рубен Аморим во епизодата „најлошиот меѓу најлошите“

Рубен Аморим веќе не е менаџер на Манчестер Јунајтед, а бројките покажуваат дека едноставно мораше да си замине.

Во “пост-Ферги” ерата, Аморим е буквално најлошиот тренер, имаше најмал процент на победи, така што разделбата беше неизбежна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бројките велат вака, според процентот на победи, Аморим е на последно место. Жозе Мурињо имаше 58,33% победи, втор е Ерик тен Хаг со 54,69%, веднаш по него е и Оле Гунар Солскјер со 54,17%, четврти е Дејвид Мојес со 52,94%, а петти Луј ван Гал со 52,43%.

Рубен Аморим имаше само 36,92% победи, што е огромна разлика споредено со сите пред него, кои имаа меѓу 52% и 58% победи.

Не треба ни да потсетуваме на тоа како се спушти Јунајтед откако Алекс Фергусон одлучи да се повлече во 2013 година.

Јунајтед до 2026 година ќе има именувано веќе седми менаџер од 2013, а тука не се бројат оние привремени како Рајан Гигс, Мајкл Керик, и сега – Дарен Флечер кој е во иста “преодна” улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…