
Фудбалерот на Ал Наср Кристијано Роналдо здоби повреда на тетивата во последниот одигран натпревар на овој тим.
Ал Наср победи на гостувањето против тимот Ал Фајха со резултат 3:1, но повредата на Португалецот на споменатиот натпревар, на почетокот не изгледаше од посериозна природа.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Сепак, се покажа дека ќе биде неопходно Роналдо да отпатува во Мадрид за да го реши овој проблем.
Веќе се шпекулираше дека голгетерот ја напуштил Саудиска Арабија поради безбедносни причини, поради воените случувања на Блискиот Исток, откако беше објавено дека неговиот приватен авион ја напуштил оваа земја во понеделникот.
Подоцна беше потврдено дека Роналдо не ја напуштил Саудиска Арабија, и следниот ден беше виден во тренинг-кампот на Ал Наср, но сега тренерот на овој тим потврди дека познатиот фудбалер ќе ја напушти земјата.