Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал Наср, пренесуваат шпанските и португалските медиуми повикувајќи се на извори од Саудиска Арабија.
Португалскиот напаѓач, кој на почетокот на февруари ќе го прослави својот 40-ти роденден, со новиот договор значително ќе го зголеми своето богатство.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Роналдо ќе го продолжи договорот со клубот од Ријад на уште една година. Ова ќе го обврзе да остане до јуни 2026 година, периодот пред Светското првенство, чии домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико. За продолжување на договорот ќе добие повеќе од 200 милиони евра.
Ова ќе го направи и најплатен фудбалер во светот, кој и денес е со приход од 200 милиони евра плус дополнителни 60 милиони евра за комерцијални права.
Со новиот договор тој ќе добива повеќе од половина милион евра дневно или околу четири милиони евра неделно.
Роналдо за Ал Наср одигра 84 натпревари, постигнувајќи 75 гола и 18 асистенции.