
Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, вели дека нема да ја заврши својата играчка кариера сè додека не го постигне 1.000. гол. Минатиот викенд, тој даде два гола во победата на Ал-Наср од 3:0 против Ал-Ахдуд, со што го зголеми својот број на голови за клубот и за репрезентацијата на 956.
Четириесетгодишниот Роналдо, кој се приклучи на Ал-Наср во 2022, потпиша нов двегодишен договор со саудискиот клуб минатиот јули.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Тешко е да се продолжи да се игра, но мотивиран сум. Мојата страст е голема и сакам да продолжам. Не е важно каде играм, дали на Блиски Исток или во Европа. Секогаш уживам во играњето фудбал и сакам да продолжам. Знаете која е мојата цел. Сакам да освојувам трофеи и да ја достигнам таа бројка од илјада дадени гола. Сигурно ќе ја достигнам, ако нема повреди“, кажа Роналдо, кој ќе ја предводи Португалија и на следното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.
Роналдо го држи рекордот за најмногу голови за Португалија (143) и за Реал Мадрид (450) и е единствениот играч кој постигнал 100 голови за четири клуба: Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал-Наср.