Дома Фудбал Роналдо ќе игра на клупското СП? Инфантино: Се водат разговори

Роналдо ќе игра на клупското СП? Инфантино: Се водат разговори

ЏАНИ ИНФАНТИНО, претседателот на ФИФА, повторно привлече внимание со изјавата која ќе ги развесели милионите фанови на Роналдо, но и ќе покрене низа шпекулации. Во разговор со популарниот стример IShowSpeed, Инфантино изјави дека Кристијано Роналдо може да игра на претстојното Светско клупско првенство во 2025 година во САД.

Инфантино го сака Роналдо во САД

“Се водат разговори. Ако некој клуб сака да го доведе Роналдо за овој турнир… кој знае?”, рече Инфантино. Роналдо моментално е играч на саудискиот Ал-Наср, но неговиот клуб не обезбеди пласман на турнирот. Единствениот саудиски претставник ќе биде Ал-Хилал, а Роналдо, барем засега, нема никакви службени врски со останатите учесници.

Роналдо може да го смени клубот

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Но, ФИФА овозможи специјален трансфер период од 1 до 10 јуни 2025 година, за време на кој клубовите би можеле да регистрираат нови играчи, вклучувајќи ги и оние што би дошле на позајмица само за турнирот. Наводно, во игра е и марокански Видад, кој би сакал Роналдо да биде главна ѕвезда на турнирот, а се споменуваат и клубови од Бразил, Египет, па дури и претходните клубови на Роналдо како Реал Мадрид и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За многумина стартот над Хакими беше за во „затвор“, а Крос шокираше: Не беше ниту за црвен! (Видео)

ПСЖ, актуелниот победник во Лигата на шампионите, објави дека ќе биде без повредениот маро…