
Синот на фудбалската легенда Кристијано Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор, ги следи чекорите на татко си и првпат доби повик за португалската репрезентација до 16 години. Овој петнаесетгодишен талент, кој моментално игра за У-15 тимот на Ал-Наср, клубот каде што настапува и неговиот татко, е вклучен во списокот од 22 играчи за претстојниот Турнир на Федерацијата, според Daily Mail.
Младата португалска селекција на турнирот, што ќе се одржи од 30 октомври до 4 ноември, ќе се натпреварува против своите врсници од Турција, Велс и Англија. Овој повик доаѓа по учеството на Роналдо Јуниор во У-15 репрезентацијата уште во мај, што предизвика шпекулации за можноста некогаш да заигра во истата екипа со својот познат татко.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Иако сценарио каде што тие би играле заедно изгледа малку веројатно, особено бидејќи Роналдо стариот во февруари ќе наполни 41 година. Изминатиот вторник постигна два гола против Унгарија, со што достигна 41 гол и стана рекордер по број на голови во историјата на квалификациите за Светското првенство. Вкупниот број на голови во неговата кариера веќе е неверојатни 949.