
Кристијано Роналдо емоционално ја прослави победата на Португалија во Лигата на нациите. Додека се изведуваа пеналите против Шпанија, со неговите нервозни гестови го привлече вниманието на камерите, иако веќе имаше излезено од игра. По триумфот на Португалија, сите камери беа насочени кон него.
По победата на Португалија во финалето на Лигата на нациите против Шпанија, Кристијано Роналдо зборуваше за иднината на својата кариера…
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
„Ништо нема да се промени. Ќе останам ли во Ал-Наср? Да, секако”, децидно одговори тој.
Изгледа дека сега работите се појасни. Роналдо останува да го потпише продолжението на договорот со саудискиот клуб, каде што е активен веќе две и пол години.
Тој сепак признава дека неговата кариера се приближува кон крајот и затоа сака да го искористи секој момент. Но, истакна дека ќе продолжи да игра ако не се повреди.
Во финалето против Шпанија се повлече од игра во второто полувреме поради повреда, што не е добар знак.
„Повредата ја чувствував уште за време на загревање; таа ме измачува веќе подолго време”, откри Роналдо, кој на почетокот од февруари наполни четириесет години.