Дома Фудбал Роналдо ги менува тренерите како чорапи

Роналдо ги менува тренерите како чорапи

По новиот пораз, Ваљадолид се наоѓа во доста незавидна положба. Ова доведе до нова смена на тренерот, втора за оваа сезона.

Клубот кој го води легендарниот Роналдо го смени Диего Кока. Тој ги водеше Ваљадолид во само осум натпревари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Аргентинскиот тренер, предводејќи го Ваљадолид, запиша дури седум порази и само една победа. Резултатот е дека клубот моментално се наоѓа на последното место со 15 бодови, седум помалку од претпоследниот Алавес.

На почетокот на сезоната, клубот го водеше Алваро Рубио, а сега Ваљадолид е во потрага по трет тренер за сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФК Брегалница доби нов претседател!

Фудбалскиот клуб Брегалница во моменти додека води битка во Втората лига за враќање на мес…