Дома Фудбал Роналдињо поттикна бура во Полска: Хуманитарниот настан се претвори во разочарување

Роналдињо поттикна бура во Полска: Хуманитарниот настан се претвори во разочарување

Легендарниот фудбалер Роналдињо е цел на интензивни критики од полската јавност по учествувањето на настан во Хожов кој требаше да биде хуманитарен спектакл под името „Роналдињо шоу“.

Место очекуваната еуфорија, настанот се обележа со разочарување. Според локалните медиуми, Бразилецот пристигнал со два часа задоцнување на свечениот ручек, ги игнорирал планираните прес-конференции и одбил да сподели превоз со останатите учесници — каде имаше и многу полски фудбалски легенди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На теренот останал само 73 минути, а потоа без збор го напуштил стадионот, што предизвикало уште поголеми негативни реакции. Иако подоцна се огласил преку социјалните мрежи и му се заблагодарил на публицитетот за поддршката, генералниот впечаток во јавноста останал — горчлив.

„Фала Полска. Неверојатна вечер пред речиси 60.000 гледачи. Беше чест да играм со мојот брат и син. Благодарен сум за пречекот“, напиша Роналдињо.

И покрај критиките, Роналдињо ќе се појави и во Србија, каде заедно со Усеин Болт ќе биде промотор на изложбата EXPO и планира средба со претседателот на Србија. Меѓутоа, искуството од Полска фрла сенка на она што требаше да биде празник на фудбалот и хуманоста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдено – Светскиот шампион од 2018 објави дека се пензионира на 31 година

Стоперот Самуел Умтити одлучи да ја заврши професионалната кариера. Повредата на коленото …