Дома Фудбал Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Тотенхем има уште една разочарувачка сезона и моментално се наоѓа на 14. место во Премиер лигата.

Навивачите бараат смена на Томас Франк, а на својот Инстаграм профил реагираше и капитенот Кристијан Ромеро.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тој директно ја прозва управата на клубот.

„Се извинувам на сите навивачи кои нè следат насекаде, кои секогаш се тука и ќе бидат тука. Ние сме одговорни, нема сомнение во тоа. Но, ќе продолжиме да се бориме и да се обидуваме да ја промениме ситуацијата, за себе и за клубот. Во вакви времиња, треба и други луѓе да излезат и да зборуваат, но тие тоа не го прават, како што е случајот веќе неколку години. Се појавуваат само кога работите одат добро“, напиша Ромеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постои уште еден совршен голман за Барса, Деко започна акција – најавен нов трансфер на Каталонците

Марк-Андре Тер Штеген и Војчех Шчесни лесно би можеле да ја напуштат Барселона, а спортски…