Дома Фудбал Романо потврди: Еден фудбалер на Реал заминува поради Анчелоти!

Романо потврди: Еден фудбалер на Реал заминува поради Анчелоти!

Како и што сее најавуваше, сега стигнува и потврда од Фабрицио Романо – Ендрик ќе го напушти Реал Мадрид во јануари.

Бразилецот не е во милост на Чаби Алонсо, и Романо истакнува дека Бразилецот бара да замине за да се наметне на Карло Анчелоти.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Италијанецот му порачал на Бразилецот дека смета на него, како и да е, тој го донесе во Реал Мадрид, но нема да го повика на Светското ако цела сезона седи на клупа.

Ендрик за викендот се загреваше, но не беше дел од измените против Хетафе, што беше последен знак дека треба да побара тим каде што ќе добие шанса за игра.

Бразилецот има само 19 години и треба внимателно да одбере клуб каде што ќе игра и ќе се наметне на Карло Анчелоти до почетокот на Светското првенство.

Оваа сезона сѐ уште нема ниту една минута на теренот, а на почетокот Ендрик беше повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Измама на векот: Познат клуб плати над 120 милиони евра за пет играчи кои никогаш не дојдоа

Лион повторно се најде во центарот на скандалот откако угледниот француски весник „Л’…