
Мирчеа Луческу, најголемото име во историјата на романскиот фудбал, почина на 80-годишна возраст. До последно беше селектор на националниот тим.
„Универзитетската болница за итна помош во Букурешт објави дека денес, вторник, 7 април 2026 година, околу 20:30 часот, беше објавена смртта на г. МИРЧА ЛУЧЕСКУ. Господин Мирча Луческу беше еден од најтитулуваните романски фудбалери и тренери, првиот кој го класираше националниот тим на Романија за Европско првенство во 1984 година. Цели генерации Романци израснаа со неговиот образ во срцата како национален симбол. Бог да го прости!“, се наведува во соопштението од болницата.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тренерот имаше сериозни срцеви проблеми, кои се влошија последните месеци. Поранешниот селектор беше хоспитализиран во Универзитетската болница во Букурешт, каде што лекарите се бореа за неговиот живот последните денови.
Пред тоа, на 26 март, во улога на национален селектор, ја водеше Романија во полуфиналниот бараж против Турција, но загуби, со што тимот не успеа да се квалификува за Светското првенство летово.
Три дена подоцна тој се онесвести на тренинг. Утрото на 3 април Луческу преживеа инфаркт непосредно пред да биде отпуштен. Според информации добиени од Libertatea од медицински извори, тој веќе неколку дена бил примен во Универзитетската болница, откако му стана лошо за време на тренинг на националниот тим.