Дома Фудбал Романциите ќе се жалат на одлуката на УЕФА за натпреварот со Косово

Романциите ќе се жалат на одлуката на УЕФА за натпреварот со Косово

Европската куќа на фудбалот ги обвинува поради навивачкото однесување.

Фудбалската федерација на Романија најави дека ќе поднесе жалба против казната што им ја изрече Европската фудбалска унија (УЕФА) по натпреварот со Косово во Лига на нации.

“Фудбалската федерација на Романија најавува дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража на одлуката што ја донесе УЕФА по инцидентите што се случија на натпреварот Романија – Косово, одигран на 15 ноември 2024 година во Букурешт. Натпреварот не беше завршен на теренот, откако гостинскиот тим одби да продолжи со играње со помалку од две минути до крајот на додаденото време. Судијата беше принуден да означи крај на натпреварот по чекање од повеќе од еден час, во кој само романскиот тим остана на теренот”, пишува на веб-страницата на Фудбалската федерација на Романија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Косово го напуштија теренот во петтата минута од додатокот на второто полувреме на натпреварот против Романија при резултат 0:0, бидејќи домашните навивачи извикнуваа “Косово е Србија” и “Србија, Србија”. Дисциплинската комисија одлучи да го регистрира натпреварот со резултат 3:0 за Романија, бидејќи играчите на националниот тим на Косово го напуштија теренот и се одговорни што натпреварот не беше завршен.

Фудбалската федерација на Романија е казнета со 50.000 евра и еден натпревар без присуство на публика поради “расистичко или дискриминаторско однесување на навивачите”, истакнување на провокативни политички пароли, фрлање предмети на теренот и запување факели. Исто така, Федерацијата е казнета бидејќи навивачите користеле ласер, блокирале патеки и непристојно се однесувале за време на изведување на химните. Од друга страна, Фудбалската федерација на Косово е казнета со 6.000 евра за непристојно однесување на екипата.

Фудбалската федерација на Романија смета дека санкциите што ги изрече УЕФА се неоправдани и дека насочуваат внимание на недостиг на мерки против Фудбалската федерација на Косово.

“Косово го прекрши најважниот принцип во фудбалот, а тоа е дека натпреварот треба да се игра на теренот. Меѓутоа, косовскиот тим не беше санкциониран. Наместо тоа, добивме некои парични казни и санкции што ги сметаме за преголеми”, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Романија Разван Бурлеану.

“Фудбалската федерација на Романија нагласува дека романските навивачи имале цивилизирано однесување за време на натпреварот и дека биле испровоцирани, што има повеќе докази во тој поглед. Преку овој пристап, Федерацијата сака да го заштити имиџот на романскиот фудбал и да се бори за почитување на принципите на фер-плеј”, додаваат на веб-страницата на Федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ бара нов договор, Перез му постави услов

Лука Модриќ изрази желба да остане уште една година во Реал Мадрид и својата кариера да ја…