
Раководството на Рома ја достави својата понуда до Манчестер Јунајтед за Џошуа Зиркзее. Според “Кориере дело Спорт”, понудата е за наем со опција за купување за 30 милиони евра следното лето. Оваа опција ќе биде задолжителна само ако “волците” успеат да се квалификуваат за учество во Лигата на шампионите.
Проблемот, за сега, е дека 20-кратните шампиони на Англија прво сакаат сумата да биде повисока за 10 милиони. Втората условеност е Јунајтед да најде замена за Зиркзее или барем да се почека враќањето на Брајан Мбемо и Амад Диало од Африканскиот куп на нации, пред холанѓанецот да замине за Рим. Ова последното беше јасно изјавено од менаџерот на тимот, Рубен Аморим, по вчерашниот натпревар со Њукасл.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ова значи дека Рома под никакви околности нема да може да располага со напаѓачот на 2 јануари, како што беше желбата на италијанскиот клуб.
“Ќе биде тешко некој да го напушти клубот ако не најдеме замена. Веќе ни недостигаат играчи. Дури и кога сме во полн состав, немаме многу опции за да се справиме со сè што би можело да се случи”, изјави Аморим по вчерашниот натпревар.