Дома Фудбал Рој Кин кажа кој сака да биде тренер на Манчестер јунајтед и изненади!

Рој Кин кажа кој сака да биде тренер на Манчестер јунајтед и изненади!

По разделбата на Манчестер Јунајтед со Рубен Аморим, клубот повторно е во потрага по нов менаџер, а легендата на Црвените ѓаволи, Рој Кин, има изненадувачки фаворит. Поранешниот капитен верува дека решението треба да се бара кај ривалите од Премиер лигата и да се обиде да го доведе Еди Хау од Њукасл, пишува Goal.com.

Управата на Јунајтед, по завршувањето на соработката со Аморим на 5 јануари, одлучи да именува привремен менаџер до крајот на сезоната. Клубот во моментов го води Дарен Флечер, а како потенцијални наследници се споменуваат поранешните играчи Мајкл Керик, Оле Гунар Солскјер и Руд ван Нистелрој.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На прашањето дали враќањето на Солскјер, кој веќе го водеше клубот во слична улога по заминувањето на Жозе Мурињо, би било паметен потег, Кин за Sky Sports беше јасен: „Можеш да ми наведеш 20 имиња и јас сепак би рекол истото. Кој и да дојде, му посакувам сè најдобро.”

„Ако е до крајот на сезоната, мислам дека Оле би бил во ред. Но, дали го гледам Оле како менаџер во следните четири или пет сезони кој ќе го врати Јунајтед во борбата за трофеи? Веројатно не.”

Кога му поставија прашање за неговиот фаворит, Кин не двоумеше. „Јас би го одбрал Еди Хау. Ми се допаѓа. Ми се допадна што постигна, неговото водство. Водел безброј натпревари, кога неговите екипи се во форма, играат одличен фудбал“, рече Кин и додаде:

„Свесен сум дека тој не е за секого и има свои критичари, но ми се допаѓа тоа што направи во Њукасл и Борнмут, водел седум до осумстотини натпревари, иако е млад човек. Ми се допаѓа неговата спокојност, мислам дека на Манчестер Јунајтед им треба малку од тоа.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…