
Родриго се најде во центарот на вниманието по синоќешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити бидејќи не сакаше долго да се задржи на стадионот и откри поради што толку брза да пристигне дома.
Кралскиот клуб на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ синоќа успеа да го победи Манчестер Сити со 3:1 и со вкупен резултат од 6:3 да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Се очекуваше во Мадрид да гледаме спектакуларна борба за пласман во следната рунда на натпреварите, но Реал конечно без поголеми проблеми успеа да се справи со тимот на Пеп Гвардиола.
Иако не успеа да се запише на листата на стрелците, Родриго повторно беше еден од најдобрите на теренот, уште еднаш покажувајќи зошто е еден од најважните играчи во тимот на Реал Мадрид.
Се шекулираше со месеци дека Родриго би можел да го напушти Реал затоа што по доаѓањето на Килијан Мбапе нема повеќе слобода во играта како порано, но тој со своите настапи јасно покажува дека не му е проблем да игра и на позиција која не ја преферира.
Токму Родриго се најде во центарот на вниманието по завршувањето на натпреварот затоа што новинарите бараа и тој да се појави во микс зоната за да даде изјава.
Бразилецот дојде веднаш по завршувањето на мечот, но јасно даде до знаење дека не планира долго да остане бидејќи брза дома, а ја објасни и причината.
„Морам брзо да одам дома. Нејмар и Сантос играат натпревар кој наскоро почнува. Навистина брзам да одам дома“, рече Родриго на новинарите.
🗣️ Родриго: “Морам да одам дома БРЗО. Нејмар и Сантос играат.” pic.twitter.com/h7o3I2WgKI
— Madrid Xtra (@MadridXtra) February 19, 2025