Дома Фудбал Родриго имал состанок со Алонсо – позната е неговата иднина

Родриго имал состанок со Алонсо – позната е неговата иднина

Во изминатите недели многу се шпекулираше дека Родриго сака да го напушти Реал Мадрид поради незадоволство од неговиот статус во тимот, и дека само Чаби Алонсо може да го убеди да се премисли. Сепак, Бразилецот не сакаше да ја чека крајот на сезоната и веќе ја донесе конечната одлука.

Родриго во изминатите сезони беше еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид и постигна некои од клучните голови во борбите за трофеите.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Родриго порача дека ќе се предомисли само ако Чаби Алонсо му каже да остане и дека е потребен, што изгледа и се случило.

Мадридски „АС“ објави денеска дека Родриго донесе конечна одлука и реши да остане во Реал, и дека клучен бил разговорот што го имал со новиот тренер на овој тим.

„АС“ наведува дека Родриго никогаш не посакал да си замине од Реал и дека тоа е неговиот сонски тим, но поради недоволното играње беше принуден да реагира за да види дали новиот тренер ќе го смета посериозно.

Алонсо му даде до знаење на Родриго дека тој е многу во неговите планови и дека се надева дека ќе остане во клубот, но и искрено му кажа дека не може да му гарантира место во првите единаесет и дека секој играч мора да се бори за тоа.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор на која беа …