Дома Фудбал Родри ќе добие нов договор во Манчестер Сити

Родри ќе добие нов договор во Манчестер Сити

МАНЧЕСТЕР СИТИ активно се подготвува да ги забрза преговорите со Родри за продолжување на договорот, откако челниците на клубот сакаат да осигураат дека шпанскиот везист останува целосно лојален на клубот, поради зголемениот интерес од страна на Реал Мадрид, пишува GiveMeSport. Тимот на „Граѓаните“ се соочи со значителни промени во изминатите 48 часа.

Голманот Едерсон го финализираше трансферот во турскиот Фенербахче за 14 милиони евра, што овозможи простор за доаѓање на Џианлуиџи Донарума од Пари Сен Жермен. Во меѓувреме, тренерот Пеп Гвардиола му даде зелено светло на Илкај Гундоган за премин во Галатасарај, додека новата авантура ја прифати и Мануел Аканжи, кој замина на заем во Интер Милан со опција за откуп од скоро 15 милиони евра. Сити е решен да го задржи Родри внатре во клубот за следните трансфер периоди.

Продолжување на договорот како врвен приоритет

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според извори, наскоро на Родри ќе му биде понуден нов договор. Гвардиола и водечките луѓе во клубот сакаат да имаат јасна слика за неговата посветеност уште на самиот почеток на сезоната, особено по излезот на неколку членови од тимот што во 2023 ја освоија тројната круна.

Шпанскиот репрезентативец има уште помалку од две години од актуелниот договор, според кој заработува 250.000 евра неделно. Во Сити настојуваат да избегнат ситуација во која ќе влезе во последните 12 месеци од договорот, зашто тоа би им овозможило на други клубови да го привлечат по значително намалена цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер-периодот само делумно заврши: Ова се најбараните слободни играчи на пазарот

Преодниот рок во петте најдобри европски лиги заврши заклучно со 1-ви септември, но тоа не…