Дома Фудбал Роберто Карлос по разводот: Не спијам на стадион…

Роберто Карлос по разводот: Не спијам на стадион…

Роберто Карлос преку социјалните мрежи ги демантираше гласините дека спие на стадионот на Реал Мадрид. Да се потсетиме, пред неколку дена се појави вест дека наводно се преселил во спортските простории на Реал Мадрид по разводот од Мариана Лукон, според „Estadio Deportivo“. На својот Твитер напиша објава со која се осврна на таквите тврдења.

“Дојде до моето внимание дека последниве денови за мене и за моето семејство се шират штетни и неточни приказни. Го ценам мојот приватен живот, но морам да ги демантирам лудите гласини за тоа каде живеам. Овие измислени приказни постојат само за да создадат лавина од кликови и читаност. Моментално живеам во стан во кој ме згрижија членови од семејството. Моите адвокати ги проверуваат споменатите тврдења и лаги, и можеби ќе поднесеме тужба. Ве молам да ја почитувате мојата приватност”, напиша легендарниот Бразилец.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Да потсетиме, Бразилецот, татко на најмалку 11 деца со седум жени, се соочува со комплициран развод по повеќе од 15 години брак. Во брак со Лукон беше од 2009 година, и се очекува дека разводот ќе биде сложен поради поделба на богатството на поранешниот играч, кое се проценува на околу 160 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…