Дома Фудбал Ристовски жестоко ги критикуваше судиите во БиХ: Вакво нешто не сум видел никаде на друго место!

Ристовски жестоко ги критикуваше судиите во БиХ: Вакво нешто не сум видел никаде на друго место!

Македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски, кој настапува за Сараево, јавно проговори за слабостите во судењето во првенството на БиХ, посочувајќи дека арбитражата е на многу ниско ниво.

Тој нагласи дека лигата има квалитет и таленти, но дека одлуките на судиите често го нарушуваат текот на играта.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Лигата е интеересна, има добри фудбалери, млади талентирани… Ако нас не ни дозволуваат да играме фудбал, тогаш нема никаква смисла. Не зборувам дека некој треба да се фаворизира. И судиите се луѓе можат да направат греешка, но ги молам да остават да играме и нека победи подобриот“, рече Ристовски.

Тој откри дека негово најлошо искуство се гостинските натпревари, каде што, според него, ретко може да се види фер и израмнет дуел.

„Гостувањата… Ниту, на едно не видов досега да биде рамноправен натпревар. Прв би му честитал на противникот да е подобар. Лигата би била многу поинтересна, ако се среди судењето. Ова нема смисла, луѓето вложуваат огромни пари. Судиите мора подобро да се однесуваат кон фудбалерите, јас во кариерата тоа не сум го видел, ниту сум слушнал дека некаде така се однесуваат. На Кошево е во ред, но кога ќе излезете од Сараево…“, додаде поранешниот македонски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете го дивјачкиот испад на тренерот во Хрватска – пцуеше и туркаше судија (Видео)

Подравац го победи Братство со резултат 1:0 на натпреварот од 13. коло на Елитната ЖНЛ на …