
Антонио Ридигер ќе биде еден од ветераните кои ќе избираат клуб како слободен агент наредното лето.
Иако се шпекулира дека Реал Мадрид сѐ уште не ја затворил вратата во преговорите со него, мали се шансите Ридигер да добие нов договор. Германецот пристигна како слободен агент во летото 2022 година кога му истече договорот со Челси, а во јуни повторно ќе може да избира клуб.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Доверливи извори откриваат дека Ридигер има профитабилни понуди од Саудиска Арабија, но исто така и повици од Премиер лигата. Иако не е познато кои клубови се во прашање, се шпекулира дека дури и Челси е заинтересиран да го врати, како искусен играч како некогаш Тиаго Силва, кој дојде како ветеран.
Ридигер во моментов е фокусиран на својот повраток, се очекува повторно да игра во декември, откако направи операција на задниот дел од ногата крајот на минатата сезона. По повеќемесечната пауза, ќе му биде потребно време да се врати, но целта е да се целосно опорави и да му се наметне на Јулијан Нагелсман за Светското првенство 2026.
Моментално е далеку од останување во Мадрид, но има повици од Англија и Саудиска Арабија.