
Тенискиот турнир „Belgrade Open“, планиран за ноември 2025 година, нема да се одржи во Белград. Наместо тоа, ќе се одржи во Атина.
Семејството Ѓоковиќ, кое има лиценца за турнирот на АТП, одлучи натпреварот да го префрли во Грција.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„И покрај големата посветеност и вложените напори, условите за реализација на турнирот во планираниот термин и формат не можеа да се обезбедат, поради што е одлучено оваа година турнирот да не се одржи.
Од 2021 година организацијата успешно реализираше вкупно девет професионални тениски турнири под различни брендови, вклучувајќи пет ATP 250 турнири, еден WTA 250, еден WTA 125, еден ATP Challenger 125 и еден ITF турнир. Во тој период, турнирите привлекоа голем број љубители на тенисот од земјата и светот, поставувајќи го Белград на картата на значајните меѓународни тениски настани.“, стои во соопштението на организаторите.
Фото: Принтскрин