Фудбалерите на Интер во натпреварот од 24. коло на Серија А ја совладаа Фиорентина на свој терен со резултат 2:1, а по натпреварот Моисе Кин (24) се соочи со навреди засновани на расна основа.
Имено, италијанскиот репрезентативец сподели на социјалните мрежи со какви коментари се соочил, за да на сите им биде јасно низ што поминува.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Кин, покрај сите грозни зборови кои му ги упатувале, често бил нарекуван мајмун, поради што ја промени својата профилна фотографија на Инстаграм.

Стави слика на горила и тоа беше ироничен одговор од Италијанецот на сите кои го навредуваа.
“Фиорентина, како и сите во клубот, изразуваат поддршка на Моисе Кин кој беше жртва на жестоки расистички напади на социјалните мрежи на крајот од натпреварот против Интер во Милано. Сторителите на ваквите дела се пријавени на надлежните органи”, пишуваше во официјалното соопштение на Фиорентина која се огласи по повод сето што се случи.
Инаку, поддршка на младиот фудбалер му пружија и останатите клубови кои се натпреваруваат во Серија А.