Дома Фудбал Репрезентативецот на Италија одговори на расистичките напади со слика на горила

Репрезентативецот на Италија одговори на расистичките напади со слика на горила

Фудбалерите на Интер во натпреварот од 24. коло на Серија А ја совладаа Фиорентина на свој терен со резултат 2:1, а по натпреварот Моисе Кин (24) се соочи со навреди засновани на расна основа.

Имено, италијанскиот репрезентативец сподели на социјалните мрежи со какви коментари се соочил, за да на сите им биде јасно низ што поминува.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Кин, покрај сите грозни зборови кои му ги упатувале, често бил нарекуван мајмун, поради што ја промени својата профилна фотографија на Инстаграм.

Стави слика на горила и тоа беше ироничен одговор од Италијанецот на сите кои го навредуваа.

“Фиорентина, како и сите во клубот, изразуваат поддршка на Моисе Кин кој беше жртва на жестоки расистички напади на социјалните мрежи на крајот од натпреварот против Интер во Милано. Сторителите на ваквите дела се пријавени на надлежните органи”, пишуваше во официјалното соопштение на Фиорентина која се огласи по повод сето што се случи.

Инаку, поддршка на младиот фудбалер му пружија и останатите клубови кои се натпреваруваат во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед започна со подготовки со две нови засилувања

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се појавија на клупската база за да започнат со летни по…