Дома Фудбал Ремито против Фулам го налути Артета: Арсенал ќе потроши 65 милиони евра за нов напаѓач

Ремито против Фулам го налути Артета: Арсенал ќе потроши 65 милиони евра за нов напаѓач

Фудбалерите на Арсенал направија нов кикс во борбата за титулата во Премиер лигата, овојпат на гостувањето кај Фулам каде одиграа само 1:1.

Очигледно, на Артета конечно му стана јасно дека мора да доведе вистински напаѓач кој ќе му гарантира голови, што очигледно не го добива од Габриел Жесус кога е на теренот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Арсенал наводно е подготвен да плати 65 милиони евра на Брајтон за да го доведе нивниот напаѓач, а станува збор за Жоао Педро.

„Топчиите“ оваа сезона останаа само на Каи Хаверц, но проблемот е што кога не му оди нему, никој друг не ја презема лидерската улога и не постигнува голови.

Јасно е дека на Арсенал му недостига уште еден напаѓач покрај Хаверц, а како што пренесуваат медиумите Арсенал наводно е подготвен да потроши 65 милиони евра за Жоао Педро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…