Дома Фудбал Реми за фудбалерките до 19 години против Ерменија

Реми за фудбалерките до 19 години против Ерменија

Женската репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Ерменија во натпреварот од второто коло на квалификацискиот турнир од Б лигата (втора рунда) за пласман во А лигата на квалификации за Е.П.

Нашите млади фудбалерки не успеаа да ја остварат втората победа на турнирот, по победата над Литванија во првото коло.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Анастасиа Илиевска во 63. минута погоди за предност на Македонија од 1:0. Радоста на нашите фудбалерки траеше само четири минути. Противникот успеа брзо да се врати во игра и преку Сајадиан успеа да го израмни резултатот.

Во последното коло, нашата селекција ќе игра против домаќинот Хрватска. Овој натпревар ќе се одигра на 7. април со почеток во 12:30 часот, на стадионот Карловац.

Македонија: Комненова, Јованоска, Ѓорѓиева, Веселинова, Симјанова, Додевска, Мехмеди, Јосифова, Митковска, Крстева;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кога не кој плаќа не е важно што е – Мундијалот ќе го пренесуваат и обложувалници!

Ништо не е свето, што го потврди и Меѓународната федерација за фудбал (ФИФА) со новиот дог…