Дома Фудбал Реми без голови на дербито во Маџари, Силекс подобар од Струга

Реми без голови на дербито во Маџари, Силекс подобар од Струга

Денеска во ПМФЛ се играше дербито помеѓу Гостивар и Работнички кое на крајот заврши без погодоци, додека Силекс успеа да слави над актуелниот шампион Струга со 3:1 каде што на клупата дебитираше Илчо Ѓорѓиоски.

Гостивар кој пред почетокот на вториот дел од сезоната не ги криеше шампионските амбиции одигра уште едно реми.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Победата за Силекс ја обезбедија Хрџановиќ, Осман и Алиќ. Силекс уште на полувремето ја најави победата со водството од 2:0.

Шкендија и понатаму е сигурна на врвот на табелата и триумфираше со 1:0 против Тиквеш.

 На останатите средби Шкупи со 3:1 го совлада Пелистер, додека Воска дома славеше над Брера со 3:1 Во вчерашниот натпревар Вардар и Беса одиграа без погодоци.

Табела: Шкендија 46, Силекс 41, Работнички 41, Гостивар 40, Струга 32, Шкупи 31, Пелистер 23, Брера 20, Воска 18, Вардар 17, Тиквеш 15, Беса 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го доведе првото засилување за следната сезона

Џузепе Марота не чека, туку е тука првиот играч кој пристигнува во Интер! Клубот од Милано…