Дома Фудбал Реднап му се нуди на премиерлигаш: Би работел целосно бесплатно!

Реднап му се нуди на премиерлигаш: Би работел целосно бесплатно!

По поразот од директниот конкурент Нотингем Форест, притисокот врз менаџерот на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, стана неподнослив, а клубот се приближи опасно до испаѓање од лигата. Во средината на кризата се јави легендата на клубот, Хари Реднап, кој понуди бесплатно да го преземе водењето на екипата и да се обиде да обезбеди опстанок.

Поразот од 1:2 од Форест во вторникот навечер ги остави фудбалерите на Вест Хем на 18-то место на табелата, дури седум бода оддалечени од сигурната зона. Форест е токму екипата непосредно над нив, што го направи овој пораз уште поболен и дополнително ја закомплицира борбата за опстанок.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во интервју за „TalkSPORT“, искусниот стратег не ја скри желбата за повраток. „Би работел бесплатно. Би одел каде било ако ме повика некој, би одел и би работел бесплатно. Навистина би, би уживал во тоа. Не е во прашање парите. Би уживал во доаѓањето и дружењето со играчите. Го обожавам тоа“, рече Реднап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид доби одлични вести пред големото „Ел Класико“ во финалето!

Барселона и Реал Мадрид во недела ќе се борат за првиот трофеј во сезоната, Шпанскиот Супе…