
Ред Бул сериозно ја разгледува можноста да го замени Лиам Лосон со Јуки Цунода за Големата награда на Јапонија, дознава „Скај Спортс Њуз“. Лосон имаше лош почеток на кариерата во Ред Бул, го исфрлија во првата рунда на квалификациите на сите три досегашни трки, а покрај тоа не е доволно брз во трките, што дополнително се истакнува во споредба со неговиот тимски колега Макс Ферстапен.
Ред Бул одлучи да го промовира од својата младинска екипа Рејсинг Булс по само 11 настапи во Формула 1 низ две кратки епизоди во 2023 и 2024 година, давајќи предност на 23-годишникот пред поискусниот поранешен тимски колега Цунота.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
На прашањето за гласините за време на медиумската конференција во недела, неколку часа по трката во Кина, шефот на Ред Бул Кристијан Хорнер не ги демантираше.
„Секогаш ќе има шпекулации. Само што ја завршивме трката, детално ќе ги анализираме информациите“, рече Хорнер.