Дома Фудбал Реаловата жалба залудна: Казната за Белингем останува во сила

Реаловата жалба залудна: Казната за Белингем останува во сила

Реал Мадрид поднесе жалба на одлуката на Шпанската фудбалска федерација да го казни англискиот играч од средниот ред Џуд Белингем за пцуење на судијата, но таа беше одбиена во петокот.

Тоа се случи во ремито против Осасуна (1:1) кога остана нејасно дали 21-годишниот му кажал на судијата Хосе Муњера „од*еби“ или „му*не се“, и за пцуењето доби директен црвен картон.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Покрај два кола од шпанското првенство, Белингем ќе го пропушти и првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите против градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Комитетот за жалби одлучи дека Реал не обезбедил доволно докази за да ја доведе во прашање одлуката на арбитерот да го испрати англискиот репрезентативец во соблекувалната, а со тоа и одлуката за спомнатата суспензија.

Белингем е заслужен за седум голови и шест асистенции на 20 натпревари за Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…