Дома Фудбал Реал вчера загуби, но Перез посебно бил воодушевен од еден фудбалер: Лично му се јавил веднаш по натпреварот!

Реал вчера загуби, но Перез посебно бил воодушевен од еден фудбалер: Лично му се јавил веднаш по натпреварот!

Реал Мадрид беше поразен на гостувањето кај Ливерпул (1:0) во четвртото коло од Лигата на шампионите. И покрај негативниот резултат, неколку играчи на Реал блеснаа во натпреварот. Меѓу нив беше и Алваро Карерас, чија изведба ја препозна претседателот Флорентино Перез. Иако не беше присутен на стадионот, Перез телефонски се поврзал со соблекувалната за да му честита и на голманот Тибо Куртоа, а посебно на младиот одбранбен играч за неговата улога против Мохамед Салах, објави шпанскиот портал Defensa Central.

Младиот играч на Реал Мадрид се соочи со огромен предизвик, бидејќи Мохамед Салах и понатаму е еден од најдобите фудбалери на светска сцена. Египетскиот крилен на Ливерпул својот дриблинг и продорност секогаш ги користи за да создаде проблеми на противничките одбрани. Но, на вчерашната средба, наиде на тврд отпор, и против Карерас не успеа да се истакне. Шпанскиот бек беше исклучително успешен во дуелите на теренот, доби четири од шест стартови, и запиша три блокирани опасности и три одземени топки.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неговата изведба ги воодушеви и стручниот штаб и управата на клубот. Многумина го сметаа платениот износ од 50 милиони евра за преголем, но со своите настапи покажува дека вреди секое евро, наведува шпанскиот медиум.

Проблемот е што фактот дека Салах беше неутрализиран не влијаеше на доминацијата на Ливерпул во второто полувреме, за време на која Кралскиот клуб не успеа да го искористи поседот на топката за создавање опасности.

Карерас е 22-годишен лев бек кој во младинските денови настапуваше за Депортиво, Реал и Манчестер Јунајтед. Професионалната кариера ја започна во манчестерскиот клуб, а потоа преку Престон, Гранада и Бенфика дојде во Реал за 50 милиони евра. Оваа сезона има 16 настапи и еден гол под водство на тренерот Чаби Алонсо.

Неговиот договор важи до летото 2031 година, а вредноста му е проценета на 50 милиони евра. Има шест настапи за шпанската У-21 репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Треневски: Ако ме повика Партизан, ќе тргнам пешки!

По смената на Срѓан Благојевиќ, Партизан како привремено решение на местото шеф на стручни…