Дома Трансфер зона Реал сепак ќе му плати на Ливерпул за Трент

Реал сепак ќе му плати на Ливерпул за Трент

Сега е јасно дека Трент Александер-Арнолд од лето ќе биде играч на Реал Мадрид.

Десниот бек на Ливерпул ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч, а според медиумите на островот, тој се договорил со кралскиот клуб да потпише петгодишен договор, добивајќи 240.000 фунти неделно.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Неговиот договор со Ливерпул истекува на 30 јуни, по што без пари ќе го напушти матичниот клуб. Сепак, Ливерпул се уште има шанса да дојде до пари за својот играч. Причината за ова е што Реал сака Трент да биде во составот за Светското клупско првенство кое започнува на 15 јуни.

Поради ова „белите“ ќе му понудат на Ливерпул обештетување за да го ослободат играчот од договорот еден месец порано.

Според „Сан“, Реал на англискиот клуб ќе му понуди пет милиони фунти. Покрај тоа, Мерсисајдерите нема да ја исплатат последната месечна плата на десниот бек, кој моментално заработува 140.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед работи на голем трансфер

Рубен Аморим, португалскиот менаџер, планира летово да воведе значајни промени во тимот на…