Дома Фудбал Реал ослабен гостува во Андалузија – може ли Бетис да го искористи тоа?

Реал ослабен гостува во Андалузија – може ли Бетис да го искористи тоа?

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва имаат пеколно гостување кај Бетис, а Карло Анчелоти не може да смета на неколку важни играчи.

Како што е познато, Џуд Белингем е суспендиран и ќе го пропушти и овој натпревар, а последни на листата на повредени се Феде Валверде и Дани Себаљос.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Што се однесува до Себаљос, веројатно ќе мора на подолг одмор, веројатно до мај, што е голем удар, бидејќи во последно време избори важно место во тимот.

Ако се земе предвид дека Дани Карвахал и Едер Милитао ја завршија сезоната поради тешки повреди, Реал е во голем проблем во овој клучен период од сезоната. 

Се очекува вечерва во средниот ред да играат Лука Модриќ, Орелиан Чуамени и Едуардо Камавинга, додека Лукас Васкез ќе биде на десниот бек. 

Добрата вест е дека Килијан Мбапе се враќа во тимот откако го прескокна патувањето во Сан Себастијан и ќе го предводи нападот со Винисиус Жуниор и Родриго. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири европски гиганти се борат за ѕвезда на Баерн Минхен

Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Јошуа Кимих (30), ако одлучи да го напушти баварскиот…