Дома Фудбал Реал на денешното гостување во Ла Лига не победил уште од кога во тимот ги имаше Роналдо и Бејл

Реал на денешното гостување во Ла Лига не победил уште од кога во тимот ги имаше Роналдо и Бејл

Фудбалерите на Реал Мадрид денес гостуваат кај екипата на Виљареал, која традиционално не им лежи во поновата историја.

Верувале или не, во последните девет гостувања во Ла Лига, Реал Мадрид има само една победа, со шест нерешено и два порази.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


И уште еден податок за неверување е дека Реал последен пат како гостин славеше на 26 февруари 2017 година кога беше 2:3. За Реал Мадрид тогаш погодија Герет Бејл и Кристијано Роналдо од пенал, а на клупата седеше Зинедин Зидан.

Реал Мадрид славеше јануари 2023 година како гостин, но во Купот на кралот, во лигашките натпревари, Виљареал е нивна слаба точка.

Виљареал е петти на табелата со 44 бода и се бори за пласман во Лигата на шампионите, додека Реал Мадрид има 57 бода, исто колку и лидерот Барселона.

Натпреварот Виљареал – Реал Мадрид е закажан за 18.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар, сепак, нема да игра за Бразил

Нејмар доби повик од селекторот Доривал Жуниор, но поради повреда ќе мора да го откаже уче…