Дома Фудбал Реал може да го спреми сигурниот трансфер на Арсенал

Реал може да го спреми сигурниот трансфер на Арсенал

Иако трансферот на Мартин Субименди во Арсенал се сметаше за сигурен, во последен момент плановите на “топчиите” може да се расипат.

Според “Марка”, шпанскиот репрезентативец на Реал Сосиедад сè уште не го кажал конечниот “да” на Лондонци, а на последната линија Реал Мадрид се вклучил во битката. Шпанскиот новинар Хосе Феликс Диас тврди дека ситуацијата околу иднината на Субименди е целосно отворена и сè уште сè е можно.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Минатото лето Субименди се сметаше за сигурно ново засилување на Ливерпул, но во последен момент ги одби на “Енфилд” и реши да остане во актуелниот клуб. Пред неколку дена самиот играч изјави дека сè уште не знае што ќе се случи во лето, иако имаше информации дека во Арсенал очекуваат по натпреварите на националниот тим Субименди да помине медицински прегледи.

Според “Марка” играчот од средниот ред претпочита трансфер на “Сантијаго Бернабеу” и веднаш, штом дознал дека има реален интерес од шпанскиот клуб, ја ставил комуникацијата со Арсенал на пауза. Се тврди дека новиот тренер на Реал Мадрид Чаби Алонсо смета дека Субименди ќе се вклопи идеално во неговиот систем.

Освободувачката клаузула на средниот играч е 60 милиони евра. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, сепак, има план клубот да не ја плати целата сума, туку за возврат да му понуди на Сосиедад млади играчи од академијата на “кралевите”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски: Тренерот ми ја изневери довербата

Роберт Левандовски изјави дека неговата доверба била изневерена и е многу повреден од начи…