
КРИЗАТА во играта, резултатите и меѓучовечките односи ги потресува редовите на Реал. Тимот извојува само две победи од последните осум натпревари. Шпанските медиуми велат дека постои конфликт во тимот затоа што играчите тешко се прилагодуваат на строгите методи на Чаби Алонсо и неговото инсистирање на стилот на игра со пресинг. Предводник на бунтот против тренерот е Винисиус.
Поради оваа серија лоши резултати, Реал ја загуби првата позиција во Ла Лига од Барселона, која сега има четири бода предност. Ни во Лигата на шампионите не исполнува очекувања, бидејќи се наоѓа меѓу првите осум тима кои директно одат во нокаут фазата само благодарение на подобрата гол разлика. Алонсо ги преживува натпреварите еден по еден, поточно, сè до можниот следен пораз.
Реал загуби четири играчи на последниот натпревар
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ако поразот се случи на натпреварот од 16. коло против Алавес, кој се игра утре од 21 часот, Реал ќе бара нов тренер. Шпанските медиуми најавуваат дека можеби ќе се случи и ако Реал не победи. Доколку завршат нерешено, а Барса очекувано победи дома против Осасуна денес, Мбапе и тимот може да се најдат на шест бода заостаток зад лидерот.
Оваа тешка ситуација во Реал дополнително се влошува со многубројните повреди и суспензии. На долгата листа на играчи кои се отсутни поради тешки повреди, на последниот натпревар против Селта се приклучија и Милитао, како и тројца исклучени играчи: Гарсија, Карерас и Ендрик. Реал ја изгуби таа игра (0:2) и четворица играчи за гостувањето кај Алавес.
Кој недостига на Реал против Алавес?
Трент Александар-Арнолд
Дани Карвахал
Давид Алаба
Едер Милитао
Антонио Рудигер
Алваро Карерас
Фран Гарсија
Ферланд Менди
Едуардо Камавинга
Килијан Мбапе
Ендрик