Дома Фудбал Реал Мадрид ќе добие понуда од 350 милиони евра за Винисиус!?

Реал Мадрид ќе добие понуда од 350 милиони евра за Винисиус!?

Британскиот новинар Бен Џејкобс, кој на социјалната мрежа „Икс“ го следат повеќе од 300.000 луѓе, пишува дека Саудијците навистина подготвуваат астрономска понуда за Реал Мадрид за најдобриот играч на европскиот и шпанскиот шампион Винисиус Жуниор.

Најверојатно, богаташите од Блискиот Исток се подготвени да платат отштета од 350.000.000 евра за одличниот Бразилец, кој лани беше втор во изборот за „Златна топка“, а прв во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер на светот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тоа би бил далеку најскап трансфер во историјата на фудбалот, а Винисиус би завршил во Ал Ахли, каде би играл со сонародникот Роберто Фирмино, добивал огромна плата и бил најплатениот играч на планетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…