Дома Фудбал Реал Мадрид спрема промени, Винисиус на излезни врати?

Реал Мадрид спрема промени, Винисиус на излезни врати?

Според шпанските медиуми, во Реал Мадрид се подготвуваат големи промени во нападот на тимот. Како што пренесува Defensa Central, еден од главните потези на претседателот Флорентино Перез може да биде заминувањето на Винисиус Жуниор.

Иако сè уште нема официјална потврда, извори блиски до клубот тврдат дека сериозно се разгледува можноста бразилскиот напаѓач да го напушти Мадрид до 2026 година. Во Шпанија веќе се шпекулира дека трансферот може да биде еден од најголемите во историјата на фудбалот, а не е исклучено ни да го собори светскиот рекорд по висина на отштетата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во Реал, според истиот извор, веќе размислуваат за заменик на Винисиус, а за идеален кандидат го сметаат Кенан Јилдиз, талентираниот турски репрезентативец и член на Јувентус.

Дваесетгодишниот Јилдиз е еден од најголемите таленти во Сериа А, а во дресот на торинскиот клуб досега одиграл 92 натпревари, постигнал 18 голови и запишал 15 асистенции. Оваа сезона веќе има еден гол и три асистенции. Јувентус сака да го задржи својот бисер, но интерес за него покажуваат и Барселона и Манчестер Јунајтед, што би можело дополнително да ги комплицира плановите на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ ги избра најдобрите фудбалери во историјата, Меси е трет

Златан Ибрахимовиќ (44) денес делува како стручен советник во Милан, откако остави зад себ…