Дома Фудбал Реал Мадрид спрема понуда за ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид спрема понуда за ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е заинтересиран за ангажман на плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

Со оглед на пишувањата од „Дејли стар“, овој португалски фудбалер е виден како можен наследник на 39-годишниот играч за врска, Лука Модриќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потенцијалната зделка за трансфер на Фернандеш во Реал Мадрид се проценува на 90 милиони фунти.

Иако тренерот Рубен Аморим е за тоа играчот од средниот ред да остане во клубот, управата има за цел да генерира повеќе приходи и да ги намали оперативните трошоци.

Фернандеш во оваа сезона настапи на 44 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 голови и исто толку асистенции. Неговиот актуелен договор со овој премиерлигаш е важечки до летото 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…