Дома Фудбал Реал Мадрид се обидува да го претекне ПСЖ за еден од најголемите таленти во светот

Реал Мадрид се обидува да го претекне ПСЖ за еден од најголемите таленти во светот

Реал Мадрид испрати специјални емисари во Аргентина, за да започнат преговори за привлекување на еден од најголемите таленти во светскиот фудбал во моментот – Франко Мастантуоно, соопштува италијанскиот трансферен експерт Фабрицио Романо.

Информациите досега велат дека талентираниот играч за врска има договор само уште една година до летото 2026 година и мадриѓаните се надеваат дека ќе успеат да го привлечат за намалена цена.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Досега Мастантуоно постигна 10 гола и 7 асистенции во 61 натпревар за Ривер Плејт, рушејќи низа рекорди за тимот. Силните настапи со дресот на гигнатот доведоа до повик за националниот тим на Аргентина, додека во моментот е на кампување со “албиселесте”.

Неговите настапи очекувано ги привлекоа погледите на многу европски гиганти како Милан, Манчестер Јунајтед, Челси и ПСЖ. Всушност, Парижаните беа сметани за фаворити за потписот на играчот во последните денови, со спомената сума во медиумите во Европа од околу 45 милиони евра за фудбалерот. Од “Сантијаго Бернабеу” ќе сакаат да работат брзо на договорот, за да можат да ги претекнат Парижаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти киксна на дебито со Бразил

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го започна својот мандат на чело на бра…