Дома Фудбал Реал Мадрид сака да се ослободи од Алаба

Реал Мадрид сака да се ослободи од Алаба

Давид Алаба беше лидер на одбраната на Реал Мадрид, но сега се претвори во петта опција поради големиот број на повреди.

Реал сака да се ослободи од него, но како што пишува „Ас“, Алаба не сака да си замине.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако пред него во хиерархијата има четири стопери (Хујсен, Милитао, Ридигер и Асенсио) и иако Чаби Алонсо редовно го користи на тренинзите Жоан Мартинез од младинскиот тим, Алаба сака да остане.

На 33-годишна возраст, клубот му понуди исплата на дел од договорот и спогодбен раскин, но Австриецот го одбил предлогот.

Алаба сака Реал да му ја исплати целата плата, која му следува според договорот и околу тоа нема да преговара. Тој ја пропушти минатата сезона поради повреда и во клубот повеќе немаат доверба во него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој …