Дома Фудбал Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско првенство и продолжува понатаму во турнирот. Неочекуваниот херој за „белите“ од Шпанија и овој пат беше Гонсало Гарсија, кој го постигна голот во 54-тата минута по совршената асистенција на Трент Александар-Арнолд.

21-годишниот централен напад има учество на турнирот како замена за отсутниот до сега Килиан Мбапе и веќе има три гола.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Самиот Мбапе се врати во овој натпревар, влегувајќи како резерва во второто полувреме. Досега тој се опоравуваше од болест.

Јувентус беше на ниво пред паузата и тогаш беше поопасниот тим, а уште на самиот почеток Рандал Коло Муани пропушти шанса сам пред голманот. Но, по паузата Реал доминираше тотално.

Во четвртфиналето, Реал ќе се соочи со подобриот од двата тима, Борусија Дортмунд и Монтереј, кои започнуваат во 04:00 часот наутро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иван Ракитиќ рече “доста” и веќе е подготвен за следната работа!

Иван Ракитиќ ја заврши својата професионална кариера. За некои оваа одлука не е толку неоч…