Дома Фудбал Реал Мадрид прави гранитна одбрана

Реал Мадрид прави гранитна одбрана

Флорентино Перез ги одреди целите за иднината на Реал Мадрид, а Чаби Алонсо јасно нагласи дека позицијата на стоперот е најголемиот проблем во тимот.

Марка денес открива дека двете најголеми желби на Реал Мадрид се Вилијам Салиба и Ибрахима Конате, и дека „кралскиот“ клуб веќе воспоставил контакти со француските репрезентативци.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


За Конате одамна се знае дека има стопирано преговори со Ливерпул за нов договор, и бидејќи веќе влегол во последната сезона, не е невозможно Реал Мадрид да понуди „безобразна“ понуда „земи или остави“ или во спротивно да го доведе и него како слободен играч како што беше Трент Александар-Арнолд. Конате верува дека Реал Мадрид е идеалното наредно патување, па постојат големи шанси да заврши во овој клуб, само е прашање дали сега или следната година.

Во слична ситуација ќе биде и Вилијам Салиба, но следното лето. Французинот има договор до јуни 2027 година, и сè уште не ги договорил условите за обновување со Арсенал, и е сосема извесно дека тоа нема да се случи. Марка открива дека Салиба исто така верува дека по Арсенал, единствениот вистински чекор во кариерата е Реал Мадрид и е подготвен на пониски примања за да го облече неговиот дрес. Сепак, Флорентино Перез е свесен дека ова лето не може до Салиба, но веќе следното ќе започне офанзива, особено ако Французинот влезе во последната година од договорот или не потпише нов.

Во превод, планот на Реал е јасен – Давид Алаба заминува следното лето, а многу веројатно и ветеранот Антонио Ридигер, така што Конате и Салиба се идеални замени за нив. До следното лето ќе се воиграат Дин Хујсен, Трент, Карерас, а заедно со Конате и Салиба, Реал Мадрид ќе има гранитна одбрана составена од премиерлигашки играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хави Симонс „одлучи“ – Ништо од Арсенал, се договори со друг англиски гигант

Хави Симонс е еден од најталентираните фудбалери во моментов и ова лето е желба на многу е…